Aхмети го потврди учеството на лидерска средба во Виена

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе патува за Виена на средба на лидерите што ја најави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која ќе учествуваат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.

– Нема да се двоумам во врска со поканата од Хан. Се разбира, ќе треба да учествуваат и другите лидери, рече Ахмети во изјава за емисија на ТВ 21.

Тој вели, не би сакал да се вратат од лидерската средба во Виена без договор.

Смета дека треба да се потврди Договорот од Пржино, бидејќи, нагласи, тој не е мртов.

– Работи Специјалното јавно обвинителство, работат и други институции, побаравме од т.н. претседател Иванов да ја повлече одлуката, рече лидерот на ДУИ, кој предупреди дека е потребно брзо решение, бидејќи штети имаат државата, граѓаните, особено економијата, посочи Ахмети.

Потсети и на својата минатогодишна изјава кога во контекстот на политичката криза по објавувањето на прислушуваните разговори, рече дека треба да се реагира брзо со политички средства и дека треба да се вклучи меѓународната заедница.

– Мојата изјава дека Украина може и да не биде далеку, им беше по малку смешна на некои политичари и аналитичари, па и надвор од земјата. Мојата цел беше дека последиците ќе бидат многу помали ако се реагира, рече Ахмети.

Тој потсети дека подготовките за избори траеја предолго, дека СДСМ по пет дена разговори се согласи на 24 април, но дека потоа со учество на меѓународната заедница беше договорен друг датум за да не се случат избори без опозиција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност