СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со нивното сценарио на контролиран судир

Од:

„Владата започна медиумска кампања со која прави обид, да ги подобри меѓуетничките тензии кои таа самата ги создаде. Тоа е лицемерие!

– Прво со конкретни, погрешни потези, коалиционите партнери во Владата ја предизвикува во континуитет недовербата меѓу Македонците и Албанците, а потоа со непоправањето на грешките ги заостри односите.

– Сега, решението за влошените меѓуетнички односи наместо да го бара во своите постапки, наместо да понуди соодветни политички решенија, таа како и за сè останато, избра да се рекламира.

– Она што зачудува е како, и покрај очигледните сигнали дека токму нивниот договор за хаос ги влошува меѓуетничките односи, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не прават ништо за да ја подобрат довербата на граѓаните, туку продолжуваат со нивното сценарио на контролиран судир.

– Владините партнери целосно ги злоупотребуваат собраниските тела, ги злоупотребуваат нивните министерски надлежности, надлежностите на нивните градоначалници, се со цел одвлекување на граѓаните од вистинските економско-социјални проблеми.

– На Македонија не и се потребни скапи медиумски кампањи за меѓуетнички односи, туку  конкретни потези од владините партнери во власта.

– Како граѓаните да поверуваат во скапите пораки, кога токму ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прават спротивното од тоа што го рекламираат. Наместо да изнаоѓаат решенија, тие создаваат нови проблеми. Наместо да се договорат околу отворените прашања, тие отвораат нови.

– Единствено што покажаа е дека имаат цврста доверба и поддршка еден за друг, само кога се соочени со можноста да ги изгубат привилегиите од власта.

– Надвор од тоа, повторно во собраниските тела, продолжува нивниот договор за хаос, злоупотреба на нивните позиции со кои прават непоправлива штета на кревките меѓуетнички односи. Така не се смируваат граѓаните, туку се потценуваат.

– Ако Владата навистина сака да инвестира во стабилни и добри меѓуетнички односи, тогаш коалиционите партнери треба да излезат со заедничко решение за проблемите кои самите ги создадоа, а кои ги разгоруваат меѓуетничките односи“, изјави Гордан Георгиев.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

(ВИДЕО) Тренчевска: Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле

СДСМ: Власта има Буџет од шест милијарди евра, а не сака да ги покачи платите на работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Груби правеше милионски криминал, а СДС молчеа за ден повеќе на власт