Исповед на последниот жител на забранетата зона околу Чернобил

Од:

Јутарњи лист – Загреб

Иван Шамјанок (90) вели дека тајната на неговата долговечност е тоа што не го напуштил родното место, дури и откако белоруското село во близина на границата со Украина беше контаминирано по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Во селото, кое се наоѓа на самиот раб на забранетата зона во круг од 30 километри, во последните години ништо не се променило, освен што таму живеат многу помалку луѓе.

Во април 1986 година, поради експлозијата во нуклеарната електрана Чернобил во Украина, голем радиоактивен облак покри широко подрачје на украинско-белоруската граница. Над 100.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Селото на Шамјанок, Тулговиќи се наоѓа на самиот раб на зоната, но и тој и неговата сопруга одбиле да заминат. Велат дека никогаш не ги почувствувале последиците од радијацијата.

– Се е во ред. Вчера тука беше лекарот и ме прегледа. Ми рече дека со мене се е во ред, вели Шамјанок. – У мојата сестра живееше тука со својот сопруг, но тие одлучија да заминат. Набрзо потоа починаа. Мислам дека тоа е поради стрес, но јас не патам од стрес. Помалку работам во градината, понекогаш си пејам, никаде не брзам, вели тој,

Од несреќата поминаа 30 години, а последиците се уште се видливи.

Од самата експлозија загинаа 31 лице, но многу повеќе починаа подоцна од последици од радијацијата. А колкав е точниот број на настраданите се уште не е утврдено.

Шамјанок вели дека во неговиот живот по катастрофата не се променило ништо. И натаму одгледува и јаде храна од својата градина, исто така чува свињи, кокошки и крави.

Неодамна му починала сопругата, а децата се иселиле, па тој и неговиот внук кој живее на другиот крај на селото, се единствени жители на ова место. Шамјанок смета дека никој од раселените нема да се врати. Тие кои сонувале да се вратат, во меѓувреме починале.

Старецот живее повлечен живот. Станува околу пет часот наутро да ја слушне на радио националната химна. Потоа ја пали печката да подготви ручек и да го нахрани кучето, а потоа и другите животни.

Два пати неделно во селото стигнуваат намирници, а во сабота го посетува внуката која му помага да ја исчисти куќата.

Вели дека нема никакви здравствени проблеми, но зема лекови како и чашка водка пред јадење. Тоа вели, му го отвора апетитот.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он

Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално

А1он

Гроси: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално

Триесет и шест години од несреќата во Чернобил