Бугарија, Грција и Романија ќе ја зајакнат соработката во областа на одбраната

Од:

Министрите за одбрана на Бугарија, Грција и Романија на вчерашната средба во Луксембург се договорија за зајакнување на соработката во областа на одбраната меѓу трите земји, јави БТА.

На средбата меѓу Николај Ненчев, Панос Каменос и Михња Моток е воспоставен неопходен формат за регионална соработка, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

За време на разговорите тројцата министри се усогласиле околу потребата од зајакнување на соработката и комуникацијата во областа на одбраната на сите нивоа. Биле разгледани прашања поврзани со мигрантскиот бран и многу влошената безбедносна состојба. Секој од нив изрази подготвеност неговата земја да биде поангажирана околу проблемите на своите соседи.

На тристраната средба министрите за одбрана се осврнале и на подготовките за средбата на врвот на НАТО во Варшава.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он