Викторија Бекам во соработка со Есте Лаудер ќе лансира колекција шминки

Од:

Поранешната пејачка, денес позната дизајнерка и деловна жена Викторија Бекам, на есен ќе лансира и колекција на шминки.

Британската претприемачка направи договор со познатата козметичарска куќа и создаде колекција со едноставен наслов „Victoria Beckam Estee Lauder“.

– Воодушевена сум што ќе направам лимитирана колекција со брендот на Есте Лаудер. Целото ова искуство ме инспирира и ми ги отвори очите – од прегледувањето на архивите на овој бренд до правењето на самите производи со оваа екипа. Со години се восхитувам на Есте Лаудер како жена која создаде така силен бренд па сум возбудена што можам да им понудам на своите и нејзините купувачи колекција шминки и да одиграм мала улога во нејзина визија за жените, изјави Викторија.

Оваа соработка делува како одличен спој кога во прашање е шминката затоа што со Викторија и  Есте Лаудер се поврзуваат зборовите како – едноставност, елеганција и притаен гламур.

Ако се суди по шминката која Викторија инаку ја користи, колекцијата би можела да биде со нијанси на кафени бои, добра маскара, сјај за усни и кармин во неутрални нијанси.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски