Група граѓани на Струмица денеска излегоа на улиците за, како што велат, да го искажат својот револт од аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, барајќи негова оставка, но и одржување избори кога ќе бидат создадени фер и демократски услови.
Протестот помина мирно под полициско обезбедување.
За разлика од протестот во саботата кога присутните граѓани своето несогласување со актуелните политички одлуки го искажаа пред зградата на јавната администрација, денеска тие прошетаа и низ централното градско подрачје каде се наоѓаат објектите на Судот и Управата за јавни приходи.
Барањата на организаторите на протестите, меѓудругото е и целосно реализирање на договорот од Пржино.