Демолирана канцеларијата на Иванов во Тетово

Од:

Засега непознати сторители денеска со тврди предмети – парчиња  од ќерамиди и бетон,  и со употреба на сила ги скршиле изложните  и стаклата од влезната врата на канцеларијата на Ѓорѓе Иванов, лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, за време на инцидентот кој се случил утрото помеѓу 5 часот и 5 часот и 50 минути, пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

По наредба на јавен обвинител извршен е целосен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски

Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово