Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка од Шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Кина.
На денешните квалификации Розберг оствари најдобро време со резултат 1:35.402 минути. Од првиот ред, веднаш до Розберг ќе тргне Даниел Рикардо од Ред Бул, а потоа следува двоецот на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Од третиот ред ќе стартуваат Валтери Ботас (Вилијамс) и Данил Квајт (Ред Бул).
Бранителот на трофејот, Луис Хамилтон ќе стартува од последната позиција, затоа што денеска поради технички проблеми со болидот не можеше да се бори за што подобро место за стартот на утрешната трка.
Почетокот на Главната трка е утре во 8 часот по средноевропско време.