Турција изврши воздушни напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во округот Дијабекир, во југоисточниот дел на земјата, јави ДПА.
Ловци Ф-16 извршиле вчера воздушни напади врз регион на Силван.
Турција војува со курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата, откако во јули минатата година беше ставен крај на две и пол годишното примирје.