Државната изборна комисија попладнево во 17 часот ќе одржи седница.
На дневен ред на седницата е Извештај за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со 14 април 2016 година.