(ВИДЕО) Заев: Аболиција не прифаќам, испраќам порака за мирни и ненасилни протести!

Од:

Знаете како, се влегува од глупост во глупост, оваа одлука на Ѓорге Иванов е голем срам за Македонија. Јас се срамам од оваа одлука, јас сум еден од луѓето кои се на таа листа согласно оваа срамна одлука којашто е донесена. Покрај тоа што е срамна таа е и незаконска одлука. Со укинување на одредбите на Уставниот суд, не се оживеаа старите одредби од ’93-та година, буквално не знам на кои членови се повикува господинот Иванов и како може да си дозволи човек кој ја извршува функцијата претседател на државата, директно кршење на законот и Уставот во Република Македонија, рече Зоран Заев.

Во тоа име, ние можеме сето тоа да го спречиме. Јас јавно ја отфрлив аболицијата, не ја посакував, ниту ја прифаќам. Формално кога ќе стигне актот го враќам назад и одам на судење и ќе се појавувам интензивно на судските рочишта. Но, ги повикувам и сите други, кои се наоѓаат таму на листата, да го направат истото тоа, бидејќи тоа е еден од чекорите да спречиме ваквата срамна одлука. Сакајќи какви и да презентира намери Иванов, наводно за обединување, еве видовме што ни се случива по улиците, протести и контрапротести, оваа одлука го судри нашиот народ. И ова не смее да се случи. Токму од тој аспект ќе потврдам уште еднаш, одлуката треба да се повлече, да се поништи и сите да направиме `се што можеме да ја спречиме во нејзиното реализирање. Ги повикувам сите инстанци, Уставен суд и сите коишто се надлежни за оваа работа, да ги преземат чекорите на поништување на ваквата одлука.

И уште еднаш ќе повторам, иако Трајко Вељаноски се обидува да објасни дека Парламентот е распуштен и дека повеќе не може да се свика, тој својот мандат го црпи од мандатот пратеник исто како сите останати 122-ца пратеници. Во законот стои дека мандатот на пратениците е се до верификација на мандатите на наредниот парламентарен состав на избори, така да Парламентот може да биде свикан во секаков момент. Што теоретски ќе се случи доколку ДИК, пример, сите 9 члена дадат оставка, што значи тоа? Парламентот мора да се свика и да избере Државна изборна комисија, тоа е само како пример за можноста којашто законодавецот ја дал во делот на употребата на врвниот институт на демократијата, а тоа е Парламентот и можностите за негово свикување.

Апелирам да се свика Парламентот, да се разговара за предлогот за импичмент на Ѓорге Иванов и да се разговара заедно таму во Парламентот за одлука за укинување на одлуката за распуштање на Парламентот, од причина што гледаме што се случува во ДИК, целиот свет ни кажува, минимум условите мора да бидат исполнети, а знаат сите вклучително и власта дека тоа така не е направено. Насилието и во политичкото натпреварување нема да донесе добра иднина за Македонија, само ќе може да ја мачи Македонија со целото ова измачување што го гледаме. Апелирам на трезвеност, аплирам на соодветно постапување во интерес на граѓаните и на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска