„Мандатот на пратениците трае се до верификацијата на новозибраните пратеници и Парламентот може да биде свикан“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
„Конечната цел на пржинскиот договор беа фер и демократските избори. Прочистен избирачки список значи фер и регуларни избори непрочистен избирачки список значи нерегуларни избори. ДИК треба да ги избрише сите оние кои што не треба да бидат на избирачкиот список“, додаде Заев.