Без победник со резултат 1:1 заврши дерби натпреварот од Англиското фудбалско првенство меѓу Челзи и Ливерпул одигран вечерва на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон. Џон Тери во 20-та минута му донесе водство на домашниот тим, а Ливерпул до бод дојде со изедначувачкиот гол на Луис Суарез во 73-та минута.
Со овој дуел се комплетира 11.коло во Премиер лигата, а нерешениот резултат за „сините“ од Лондон значи губење на чекорот со двете екипи од Манчестер кои се водечки на табелата.
На другите две денешни средби: Манчестер Сити – Тотенхем 2:1 и Њукасл – Вест Хем 0:1.