Двајца високи претставници на Пјонгјанг изблегале во Јужна Кореја

Од:

Владата на Јужна Кореја соопшти денеска дека двајца високи севернокорејски претставници, меѓу кои и полковникот на војната агенција за разузнавање на Сеул, пребегале во таа земја минатата година, јавува Танјуг.

Министерството за обединување и Министерството за одбрана на Јужна Кореја тврдат дека полковникот на севернокорејската војска дезертирал минатата година и оти му е одобрен политички азил.

Министерството со обединување наведе дека висок претставник на Пјонгјанг, кој работел во една од африканска земја, побегнал во Јужна Кореја со своето семејство минатата година.

Сеул во петокот објави дека група од 13 работници од ресторан во Северна Кореја во странство побегнале во Јужна Кореја.

Тоа е најголемото групно дезертирање од кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дојде на власт во 2011 година.

Околу 29.000 Севернокорејци ја напуштија земјата и заминаа во Јужна Кореја од завршувањето на Корејската војна, покажуваат податоците на јужнокорејската Влада.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски