Пакистан: Четири лица загинаа во земјотрес

Од:

Најмалку четири лица загинаа вчера во земјотресот што со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, јавува ТАСС.

Две лица загинаа како резултат на свлечиште во преминот Каракар во провинцијата Хајбер-Пухтунхва, а други двајца при уривање на камена ограда во округот Чарсада во истата провинција.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на градот Читрал во Пакистан, на длабочина од 210 километри под површината на земјата.

Потресот бил почувствуван во Исламабад и Кабул, но и во Њу Делхи во Индија, каде жителите во паника излегле на улици.

Очевидци тврдат дека земјотресот се почувствувал и во Кашмир, каде исто така предизвикал вознемиреност меѓу луѓето кои ги напуштиле своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица