Нова колекција на модната дизајнерка Тања Кокев „Под тосканското сонце“

Од:

На 12 април (вторник) со почеток во 20 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар, модната дизајнерка Тања Кокев ќе ја претстави својата најнова колекција пролет/лето 2016 под наслов „Под тосканското сонце“. Таа, со оваа модна ревија ќе одбелжи 10 години од својата кариера како дизајнер. Модниот перформанс е во режија на Дејан Пројковски. Ова е нивна втора соработка по ред. А, најновата колекција на Кокев е романтична и заводлива.

Ревијата отскокнува од рамките на класично претставување и е замислена повеќе како перформанс, каде на сцената ќе биде сместена и публиката и моделите. За изборот на музика е задолжен веќе искусниот Костадин Шурбановски – Шурбе.

12999469_10209342176846624_2057768786_o

– Ќе се обидеме да доловиме дел од Тоскана и секојдневниот живот низ улиците на малите италијански градчиња. Колекцијата се состои од свежи летни бои, комбинирани со контраст од црни темно зелени и темно сини нијанси, со кроеви на лелеави здолништа и романтично заводливи горни делови. Никогаш не сум имала особена таргет публика. Креирам за девојки и жени, на кои им се допаѓа стилот на Кокев, кои бегаат од секојдневната униформираност и ја потенцираат својата индивидуалност. Чевлите пак, еве веќе втора сезона по ред ги изработувам во Италија, целосно од кожа и заштитниот пурпурен ѓон. Боите на чевлите го следат колоритот од колекцијата и ја заокружуваат целата приказна, вели Кокев.

13010082_10209342177486640_1325308337_o (1)

Веднаш по ревијата предвидена е концептуална коктел забава за гостите, под наслов „Мулен Руж“ со црн и црвен дрес код. За музиката врзана со темата ќе се погрижи диџеј Илина Ангеловска.

Дизајнерката за инспирација ги зема нејзините омилени земји Италија и Франција, кои најчесто ги посетува изминативе 10 години.

12962614_10209342177606643_1717027169_o

– Она што го има Италија, го нема Франција и обратно. Се восхитувам на менталитетот на овие народи, кои покрај тоа што се вредни и посветени на работата, секогаш наоѓаат време за хедонистички задоволства, врзани со уживањето во храната и уметноста на облекувањето… Искрено се надевам дека мирисот и вкусот на овие две земји ќе успеам да ги пренесам преку оваа колекција. Тоа мое интимно и романтично доживување на овој менталитет, сакав некако да избие на површина. Моите колекции секогаш тежнеат кон романтичното и заводливото. Иако, одамна се трудам да соберам храброст и да направам една посекси колекција. Сепак, се уште на тоа поле не се осмелувам, па затоа се одлучив со забавата „Мулен Руж“ и францускиот ноќен живот да покажам и една друга страна на Кокев, објаснува дизајнерката.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски