Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер одлучил да го донесе напаѓачот на Наполи Едисон Кавани и за него е подготвен да издвои 30 милиони фунти, поточно околу 37 милиони евра.
Венгер во Кавани гледа вистинска замена за Ван Перси, кој летоска го напушти клубот и премина во Манчестер Јунајтед.
Французинот е подготвен веќе во јануари да го донесе уругвајскиот напаѓач, кој во оваа сезона е најдобар стрелец на Наполи со 13 голови на исто толку натпревари во сите натпреварувања.
Сепак, проблем за Арсенал би можел да биде фактот дека Наполи веќе одби понуди од Сити и Јувентус кои беа поголеми од 40 милиони евра, затоа што клубот од Неапол верува дека може да заработи минимум 50 милиони евра за својот голгетер.
Покрај Сити и Јувентус, за Кавани има интерес и од ПСЖ и Челзи, се ближи преоден рок на Кавани му расте цената па ќе се види која сума ќе го привлече во нова средина.