Фондот за здравствено осигурување, по објавувањето на видео сторијата за малиот Јован кој свири на плоштадот во хуманитарни цели соопштува:
„Во врска со апелите за лекување во странство за осигуреното лице Е.Д. кои се објавени повторно на Вашиот сајт, сакаме да Ве известиме дека Фондот го има одобрено лекување во странство уште на 15.10.2015 година, воедно лекувањето на неколку пати е продолжено.
Сметаме дека јавноста треба да е информирана кога има апели за донации и дека Фондот одобрил лекување за да знаат граѓаните како да постапат.“, стои во соопштението на ФЗОМ.