Анкета: 58% од граѓаните имаат позитивно мислење за претседателот Иванов

Од:

Претседателот Ѓорѓе Иванов ја извршува функцијата чесно, сметаат 73 проценти од граѓаните опфатени со телефонската анкета што од 24 до 27 октомври годинава ја спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на барање на Кабинетот на Претседателот.

Анкетата, чии резултати беа објавени денеска, опфати 1.115 испитаници, и е дел од редовните метрења на ставовите на граѓаните за нивната доверба и перцепции за работата на претседателот на Македонија.

Процентот на граѓаните кои сметаат дека Иванов ја врши функцијата чесно бележи раст во четирите последователни анкети на ИПИС и од 63,4 проценти во мај минатата година, во октомври достигна 73,1. Негативен одговор на прашањето дали претседателот чесно ја извршува функцијата во анкетата од минатиот месец дале 15,5 проценти од испитаниците, а 11,4 проценти немале одговор.

На прашањето какво е вашето мислење за претседателот, 58,4 проценти од испитаниците одговориле позитивно, 23,2 проценти негативно, а 18,4 проценти одговориле со незнам и немам одговор.

Прашани како ја оценуваат политиката и работата на претседателот за прашањето за името, 61,3 проценти дале одговор позитивно, 31,9 проценти негативно, а 6,8 проценти биле без одговор.
Позитивна оценка за политиката и работата на Иванов во надворешната политика на државата изнеле 58,7 проценти, а негативна 30,7 проценти.

Педесет и четири проценти од граѓаните сметаат дека шефот на државата е доволно присутен меѓу граѓаните, а 31,9 проценти се изјасниле дека се запознаени со неговиот проект „Школа за млади лидери“.

 

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on