Заштитата од мобинг ќе се уредува со посебен закон

Од:

За три месеци треба да биде донесен посебен закон за заштита од психичко вознемирување на работното место или популарно нарачен мобинг, што ќе важи и за јавниот и за приватниот сектор.

Таква одлука донела Владата, на иницијатива на Сојзуот на синдикатите на Македонија, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Основа за изработка на законот ќе бидат предлозите од синдикатите, преку дебата што ќе ја координира Министерството за труд и социјална политика, со активна улога и на Организиацијата на работодавачи и преземање на најдобрите практики од Европската унија. Во законот ќе бидат содржани и разработени и постоечкиите законски норми што го третираат мобингот во Законот за работни односи. Нивното предвидување, според Ѓорѓиоев, се покажало позитивно, ја постигнале целта за анимација и заштита во изминатиот период од 2009 година и е оценето оти е потребно унапредување на областа.

– Правењето посебен закон има цел сеопфатно уредување на материјата, во секој поглед и аспект, како и да даде политичка тежина на вниманието што го има оваа материја од Владата, наведе Ѓорѓиев.

Тој информира дека со законот ќе се предвиди квалификацијата на делото психичко вознемирување на работно место и случаите кога се цени дека е извршен мобинг. Ќе има и санкциски одредби за вршење мобинг, ќе биде претставено правото на заштита и процесот за реализација на тоа право, а ќе се дефинира и ограничи злоупотребата на законот за несоодветно пријавување.

Според Ѓорѓиев, Владата очекува со законот за заштита од мобинг значително да се унапреди областа на работните односи во Македонија.

– Тоа ќе овозможи поголема заштита, но и поголема мотивација на работникот за работа, за креација и продуктивност. Со законот ќе се постигне хармонија во дејствувањето на работодавачот и работникот, но и на самите работници меѓусебно, во насока на остварување на заедничките цели и интерес, рече портпаролот на Владата.

Од 2009 година, откако со посебни одредби во Законот за работни односи е предвидено правото за заштита од мобинг, се пријавени 30 случаи на мобинг. Тоа се постапки отворени пред Комисијата за заштита од дискриминација, а многу помалку побарале судска заштита.

Одговарајќи на новинарски прашања Ѓорѓиев истакна дека Владата во овој момент не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање.

 

Би можело да ве интересира

„Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави

Два случаи на сексуално вознемирување и 30 случаи на мобинг пријавени минатата година

Пратениците расправаа за измени и дополнувања на Законот за мобинг

Жарко Настоски

УПОЗ: Мобинг е однесувањето на дополнителниот заменик-министер Трипуновски

А1он

Панчевски на обвинителна клупа на средина на јануари

Предраг Петровиќ

Шефот може да го скуси животот на вработените

Емир Латифовиќ