Столот, што го користела британската писателка Џоан К. Роулинг при пишувањето на првите две книги од серијалот „Хари Потер“, беше продаден на аукција за сума од 394.000 долари, јавува ДПА.
Роулинг седела на овој стол, додека ги пишувала „Хари Потер и каменот на мудроста“, објавена во 1997 година, и „Хари Потер и собата на тајните“, објавена во 1998 година.
Столот од даб, кој е произведен во 1930 година, е продаван и претходно. Првиот пат, од страна на самата писателка за добротворни цели во 2002 година за сума од 21.000 долари, а вториот пат е продаден преку интернет во 2009 година за 29.000 долари.