Сите ја знаеме големата важност што медиумите ја играат во текот на изборниот процес, сите се натпреваруваат за време да ја дадат својата политичка порака и да добијат време за своите политички кандидати. Така што освен тоа што се дава време на политичките кандидати, медиумите треба да ја стимулираат дискусијата и дијалогот и да го промовираат политичкиот плурализам, рече Нина Суомалајнен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
– Медиумските куќи треба да се свесни за својата улога и моќ како 4 власт, тие треба да ги почитуваат правата на граѓаните да бидат информирани на навремен и прецизен начин, а улогата на медиумите доаѓа особено до израз за време на избор, вели Суомалајнен
Таа вели дека доколку медиумите се професионални од нив се очекува да ги покриваат изборите на еден правичен урамнотежен и непристрасен начин и дека професионалните медиуми не смеат да вршат фаворизирање на никого како би можело да се обезбедни едно поле на натпревар во кое што граѓаните ќе можат слободно да изберат.
Суомалајнен истакна дека правичното медиумско известување е од суштинско значење да се донесе информирана одлука од страна на граѓаните и дека тие мора да знаат од што треба да направат избор. Таа додаде дека мисијата на ОБСЕ за изборите 2014 година забележа голем број недостатоци вклучително и на непристрасното известување од аспект на квантитетот и квалитетот на медиумското покривање од страна на медиумските работници.
Суомалајнен, го поддржува прифаќањето на повелбата за етичко известување во медиумите како и етичките и професионалните принципи на МРТВ за покривање на изборните процеси од страна на јавниот дифузер.
-Мора да се истакне дека овие 2 иницијативи се за пофалба, меѓутоа за да постои позитивен резултат она што е од најважно значење преставува нивната имплементација тоа значи дека правилната примена на соодветните закони вклучително и на изборниот законик се од суштинска важност за да постои едно добро поле на натпревар на претстојните избори, рече Суомалајнен додавајќи дека почитувањето на сите оние обврски кои што се преземаа со потпишувањето на двете претходно наведени документи може да претставува само едно од гаранциите што ќе имаме слободни и правични избори.
Виктор Јованов