ДИК бара бришење на околу 4000 лица од Избирачкиот список по административната проверка

Од:

Во првиот дел на отворената седница на ДИК се презентираше извештајот од административните проверки за ажурирање на Избирачкиот список.

Првичните резултати од овој вид на проверка покажуваат дека од Избирачкиот список, според претходно утврдената методологија, треба да избришат 4303 лица како починати, според проверките во Пензискиот фонд и МВР.

Од проверката во Матичната служба треба да се избришат уште 898 лица.

Во моментов трае паузата по што ќе се разгледува извештајот од теренските проверки на Избирачкиот список. Потоа членовите на ДИК ќе треба да го изгласаат извештајот и секој ќе се произнесе за понатамошните постапки на Државната изборна комисија.

Претседателот Чичаковски, иако му беше побарана изјава од медиумите, рече дека ДИК е составена од повеќе членови и не може сам да одлучи за заклучоците.

А.Б.

 

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски