Најмалку 53 лица загинаа, а 60 се повредени откако поројни дождови го зафатија северозападниот дел на Пакистан, а во некои делови на Кашмир предизвикале уривање на покриви од куќи, соопштија локалните власти.
– Смртни случаи се пријавени во провинцијата Хајбер-Пахтунва по невремето кое започна доцна синоќа, изјави портпарол на провинциската Управа за вонредни ситуации.
Пет деца и три жени синоќа загинале во кашмирското село Сам Гунг откако при лизгање на земјиште биле затрупани две куќи. Можно е бројот на жртвите да биде поголем.
Неквалитетната градба на куќите, најмногу во руралните делови на Пакистан, е главна причина за нивно уривање за време на силните пролетни дождови.