Природниот гас протече во Струмица

Од:

„Струмичани вечерва станаа сведоци на историската страница на нашиот град. Има ли поубаво нешто кога се испишува историјата, во која победници се сите. Овој успех што го прославуваме е единствен во нашата држава.

– Струмица е првата општина во Макеоднија која го започна користењето на природниот гас и е светол пример за сите“, рече Зоран Заев, по вклучувањето на системот со кој струмичани ја почувствуваа топлината од природниот гас.

„Струмица до денес и Струмица од денес па натаму, се две различни приказни. Тоа ќе остане врежано во нашата колективна меморија“, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Струмица е првата општина во Република Македонија која преку ваков вид на виртуелна гасификација го започнува користењето на природниот гас .

На свеченоста присуствуваа многубројну струмичани, а гостин беше и претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник