Кабинетот на Претседателот осветлен во сино во поддршка на лицата со аутизам

Од:

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија вечерва е осветлен во сина боја, како дел од светската кампања “Да Осветлиме Во Сино”, за поддршка на лицата со аутизам.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, осветлувањето на „Вила Водно“ е во рамки на одбележувањето на 2-ри Април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, а со цел подигнување на свеста и поддршка на лицата со аутизам.

Претходно, Меѓународниот ден на лицата со аутизам беше одбележан во Едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

– Сакам да потенцирам дека почнаа многу работи да се организираат на полето на аутизмот, но никогаш не е доволно. Мора да продолжиме и понатаму со нашите активности затоа што статистичките податоци говорат дека бројот на случаи со аутизмот расте секојдневно, не само во Македонија туку и на глобално ниво и ова е глобален проблем. И затоа денеска, пред се, сакам да порачам дека вниманието треба да го посветиме на раната дијагностика и раната превенција, на отворање повеќе дневни центри низ Македонија каде ќе може децата да се собираат и да имаат посебни активности, стручна подготовка и обуки на стручен медицински персонал кој ќе работи со лицата со аутизам. Пред се, многу важно е оформување на еден регистар колку луѓе имаме во Македонија со аутизам и она што е најзначајно, е отворање дијагностички центар за аутизам кој што се надевам дека во најскоро време ќе биде отворен, изјави Иванова на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам.
Сопругата на македонскиот претседател, како што наведуваат во соопштението, посветено работи на унапредување на положбата и подигнување на свеста за лицата со аутизам, преку поддршка на низа активности и иницијативи на домашен и на меѓународен план.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on