На аеродромот во Брисел работат припадници на ИД, тврдат белгиските медиуми

Од:

Најмалку 50 припадници на Исламската држава моментално работат на бриселскиот аеродром Завентем, на кој пред една седмица имаше терористички напад, објавија белгиските медиуми.

– Припадници на радикалната група имаат пропусници и можат да влезат во кокпитот на авионот, наведува белгискиот весник „Ниевсблад“.

Во писмото од полицајците кои работат на аеродромот се наведува дека властите одзеле пропусници на неколку лица кои беа блиски на ИД, но очигледно не на сите. Особено не на оние кои се вработени во продавниците, одделенијата за чистење или за багаж.

– Нас ни е јасно дека терористите со помош на своите шпиони ја тестирале безбедноста на нашите надлежни служби на аердромот пред да тргнат во акција, се наведува во писмото на белгиската полиција.

Минатата седмица, на аеродромот Завентем и метро-станицата во Брисел се случија неколку самоубиствени напади за кои одговорноста ја презеде Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски