Приливот на азиланти во Германија во октомври во однос на претходниот месец пораснал за дури 49 проценти. Поголемиот дел од барањата за азил се поднесени од државјани на Балканските земји, посебно од Србија и Македонија.
Во денешното онлајн оздание весникот Sueddeustche Zeitung пишува:
„Бројот на баратели на азил од балканските земји драстично е зголемен. Со порастот за 49 проценти во однос на септември, вкупниот број барања во Германија се искачи на 9950. Повеќе од две третини од подносителите на барањата се државјани на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Од 505 одобрени барања за азил во октомври, ниедно не е одобрено за некоја од овие четири земји.
Во минатиот месец посебно порасна бројот на баратели на азил од Србија и Македонија, Во август барање поднеле 496 државјани на Србија, во септември 1395, а во октомври тој број се искачил на 2673.
Од Македонија азил во Германија во август побарале 620 жители, во септември 1040, а во октомври 1351.
Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во повеќе наврати зборуваше за „злоупотребата на правото на азил“. Тој смета дека мора да постои некаков механизам со кој ЕУ ќе ја укине визната либерализација за овие земји. Германија во Брисел веќе поднесе соодветно барање“, пишува Sueddeutsche Zeitung.