МИОА: Вработените во администрацијата да пријават изборни политички притисоци

Од:

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Министерството за информатичко општество и амдинистрација (МИОА) денеска воспостави посебен телефонски број и електронска адреса на кои секој вработен во институциите на јавниот сектор ќе може да пријави каков било притисок, злоупотреба или друго нарушување на правата поради политички притисок.

Евентуални пристисоци може да се пријават на телефонските броеви 02/3200 899 и 072 228683, или на е-маил адресата [email protected].

Целта, според ресорната министерка Марта Арсовска Томовска, е да се спречат какви било евентуални притисоци и злоупотреби кон вработените во институциите на јавниот сектор.

Арсовска Томовска најави дека од утре ќе биде формирана работна група со претставници од МИОА и од Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, која ќе ги разгледува сите пријави по однос на ова прашање и во рамки на законските надлежности ќе преземат мерки за да се спречи каква било злоупотреба.

– Најстрого го осудувам секој оној кој евентуално би вршел или врши притисок врз секој еден вработен во администрацијата. Ги повикувам вработените во администрацијата да го штитат угледот и честа на јавните институции, да се однесуваат совесно и одговорно и да бидат пример за однесување на сите граѓани во Република Македонија…, рече на прес-конференција Арсовска Томовска.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on