(ВИДЕО) Аневски ја прекина соработката со Јанева, не и ги дава „Маѓар телеком“ и „Верушевски“

Од:

Со 7 гласа, Советот на обвинители одлучил дека ниту еден предмет веќе нема да даде на Специјалното јавно обвинителство, а дека за сите предмети ќе бидат надлежни само Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Основното јавно обвинителство Скопје. Советот на обвинители и испратил официјално писмо со барање да образложи од каде ја црпи надлежноста.

– Од Јанева баравме да се произнесе и врз што ја темели својата надлежност во сите предмети кои се побарани од нејзина страна од Основното јавно обвинителство Скопје и од Обвинителството за гонење на организиран криминал и од Вишото јавно обвинителство Скопје. На седницата ќе требаше да даде релевантни податоци од каде го црпи своето воспоставување на стварна надлежност над предметите и да објасни дека овие предмети се поврзани и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, рече Петар Аневски, претседателот на Советот на обвинители.

Според него СЈО треба да гони само такви случаи и тоа од 2008 до 15 јуни 2015 година.

– За тоа беше и повикана. Многу непријатно бевме изненадени кога дојде и кажа дека нема да одговори на ниту едно наше прашање. Откако таа си замина одлучивме со 7 гласа за, дека за постапување и во иднина ќе бидат надлежни Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје. Значи, сите предмети кои што се кај нас, ќе бидат вратени во овие обвинителства, рече Аневски.

Тој кажа дека никој нема да ја спречува Јанева да си формира предмети, да продолжи постапки, да активира запрени постапки

– А не вака готови предмети, за кои не e надлежна, а сега јас да постапувам, очигледно дека е ненадлежна за овие предмети и со тоа ги пречекорува законските овластувања кои ги има, рече Аневски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска