Германија: Слободата на медиумите не е предмет на расправа со Турција

Од:

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија  изјави денеска, по повод повикувањето на германскиот амбасадор во Турција на разговор поради емитување на подбивна песна на сметка на претседателот на Турција, дека „слободата на медиумите не може да биде предмет на расправа во односите со Турција“, пренесува Танјуг.

– Покрај сите заеднички интереси на Германија и Турција, за слободата на медиумите и слободата на изразувањето кај нас не се разговара, рече германскиот портпарол на прес-конференцијата на германската Влада.

Министерството за надворешни работи на Турција го повика вчера германскиот амбасадор на разговор поради емитувањето на песна на германската телевизија во која се исмејува претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турските претставници на амбасадорот Мартин Ердман му ја пренеле официјалната нота за сатиричното видео и побарале телевизијата која на 17 март ја пуштила спорната песна да престане да ја емитува.

Песната на германски јазик алудира, меѓу останатото, и на апсењето на опозициските новинари, насилство врз демонстрантите и наводите дека Турција повеќе сака да презема мерки против курдските бунтовници отколку против ИД.

Во видеото од оваа песна има и снимка во која Ердоган паѓа од коњ.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски