ОМ: Јанкуловска сигурно ќе одговара за убиството на Мартин Нешковски

Од:

Обединети за Македонија прашуваат како Јавното обвинителство тврди дека нема докази за стореното кривично дело од страна на министерката за внатрешни работо Гордана Јанкуловска за убиството на Мартин Нешковски, и покрај тоа што извршител на делото е припадник на МВР, кое е прикривано од другите службени лица и структури на МВР и е заташкувано со изјави на портпаролот на МВР

„За нашиот претседател, пак, господинот Љубе Бошкоски, и по 11 години од убиството на Марјан Тушевски, без ниту еден материјален доказ се монтира кривичен процес за дело чии извршители не се пронајдени, а за кое се претпоставува дека е извршено од страна на платеници и во кое не учествувало ниту едно службено лице од МВР кога Бошкоски беше министер за внатрешни работи„, рече потпретседателот на ОМ, Јагода Митревска.

„Со ова се достигнува кулминацијата и инструментализацијата на селективноста во поставувањето на Јавното обвинителство на Република Македонија од страна на власта.
Убедени сме дека и во блиска иднина ќе се создадат услови во кои министерката ќе одговара за убиството на Мартин Нешковски според законските прописи“, изјави Митревска.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска