ДИК објави список со имиња на спорните гласачи

Од:

Државната изборна комисија, на својата интернет страница, го објави списокот со име и презиме на сите 89. 338 гласачи кои се предмет на теренска проверка.

Одлуката вчера ја донесе мнозинството членови во комисијата, според кои ќе се зголеми транспарентноста, додека дел од членовите оценија дека на овој начин се минира процесот на теренска проверка, бидејќи, како што објаснија, се работи за доверливи информации.

Со оваа опција се овозможува т.н. спорни гласачи однапред да знаат кога анкетарите ќе дојдат да ги проверуваат.

Општини каде ќе се проверуваат најголем број сомнителните гласачи се Чаир, Бутел и Шуто Оризари, вкупно 17. 000, а потоа Куманово со липковскиот регион со 11.000 сомнителни гласачи.

Од скопските општини најмногу записи има во Центар со Аеродром и Карпош, каде ќе се проверуват околу 6.000 записи. Теренската проверка, според најавите, треба да заврши до 3 април.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски