Осомничен за нападите во Брисел ослободен поради недостиг на докази

Од:

Белгиското обвинителство денеска го ослободи од притворнезависниот новинар Фејсал Шефу, кој беше осомничен за учество во терористичките напади во Брисел во вторникот, а како причина за ослободувањето се наведува недостиг на докази.

Во соопштението на државниот обвинител се вели дека „индикациите кои довеле до апсење не биле доволни“.

Шефу беше осомничен за поврзаност со тероризам.

Белгиската полиција денеска објави нова видео снимка од третиот осомничен напаѓач од бриселскиот аеродром „Завентем“, чија бомба не експлодирала за време на терористичкиот напад.

Белгија осомничени

На снимката е прикажан човек, кој турка количка со голема торба низ аеродромската сала, а покрај него се наоѓаат идентификуваните самоубијци Ибрахим ел Бакрауи и Наџим Лашрауи.

– Тоа е нова видео снимка, која претходно не е објавена, изјави портпарол на белгиското федерално обвинителство.

Полицијата покрај објавената снимка напиша и порака дека „сака да го идентификува тој човек“.

Медиумите претходно објавија дека обвинителите истражувале дали мистериозниот „човек со шешир“ е Фејсал Шефу, кој според полицикси информации одбивал да соработува со истражните органи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски