ВИДЕО: Белгиската полиција објави нова видео снимка од третиот бомбаш на аеродромот „Завентем“

Од:

Белгиската полиција денеска објави нова видео снимка од третиот осомничен напаѓач од бриселскиот аеродром „Завентем“, чија бомба не експлодирала за време на терористичкиот напад во вторникот.

Западните медиуми информираат дека на снимката е прикажан човек, кој турка количка со голема торба низ аеродромската сала, а покрај него се наоѓаат идентификуваните самоубијци Ибрахим ел Бакрауи и Наџим Лашрауи.

– Тоа е нова видео снимка, која претходно не е објавена, изјави портпарол на белгиското федерално обвинителство.

Полицијата покрај објавената снимка напиша и порака дека „сака да го идентификува тој човек“.

Медиумите наведуваат дека обвинителите и понатаму истражуваат дали мистериозниот „човек со шешир“ е независниот новинар Фејсал Шефу, кој е обвинет за терористички активности поврзани со нападот на бриселскиот аеродром. Шефу засега одбива да соработува со истражните органи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски