Грчки заменик министер предлага бегалци-инвеститори да можат да се интегрираат во грчкото општество

Од:

Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Димитрис Мардас, предлага бегалците инвеститори да можат да се интегрираат во грчкото општество, информирата грчките медиуми.

Мардас овој предлог го даде вчера и веднаш предизвика негативни реакции меѓу политичките партии и остри коментари на социјалните медиуми. И покрај тоа, меѓутоа, овој предлог денеска беше повторен.

Мардас за телевизијата Мега изрази мислење дека има бегалци кои би можеле да донесат пари во Грција и „оттаму на крајот да бидат интегрирани и во грчкото општество и да можат да реализираат каква и да било инвестиција во земјата“.

Тој искоментира дека многу бегалци живеат во кал и шатори и дека овој предлог веројатно звучи предизвикувачки, и потоа забележа дека калта ќе биде актуелна само неколку дена и дека политиката, што ја предлага има перспектива за во иднина.

На прашањето има ли некакви знаци дека бегалците располагаат со пари, заменик министерот одговори дека други земји формирале цели служби за ова конкретно прашање.

Мардас потврди дека бегалците во земјата сега влегуваат низ процедура и дека во најскоро време тие ќе бидат сместени во центрите. Во Грција има 50.000 бегалци, кои во иднина ќе живеат според предвидените одредби од оваа програма, дополни тој.

Димитрис Мардас изјави дека неговиот конкретен предлог, што денеска и официјано ќе биде поднесен, веќе бил разгледан, но појасни дека последниот збор ќе го има има Владата.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето