Белгија бележи пад од 41 отсто во однос на бројот на барањата за азил минатата недела, изјави државниот секретар Тео Франкен.
Изминатите седум дена азил во Белгија побарале 177 лица, при што 52 од нив биле повторно поднесени барања, што значи фактички биле доставени 125 нови барања.
Тоа е најмалиот број од почетокот на кризата со мигрантите.
Во екот на бегалската криза во земјата неделно беа примани по 1.900 барања за азил.
Од поднесените барања минатата недела 44 биле од Авганистанци, 12 од Ирачани, а десет од Сиријци. Белгиските власти веќе најавија дека единствено како важечки ќе бидат прифаќани барањата од сириските граѓани.
Според властите падот на барањата се должи на затворањето на надворешните граници на ЕУ и на зимскиот период.