Билансот на загинатите во самоубиствените бомбашки напади од 22 март на аеродромот и метрото во Брисел достигна 31 лице, соопшти синоќа белгискиот кризен центар.
Тројцата напаѓачи самоубијци не се вклучени во оваа бројка.
Досега е утврден идентитетот на 28 од вкупно 31 жртва, 15 од нив на аеродромот и 13 во метрото.
Се очекуваат резултатите од ДНК тестовите, со цел да бидат идентификувани останатите тројца загинати.