ДИК стартува со теренската проверка

Од:

Државната изборна комисија денеска треба да ја започне теренската проверка на 89.383 спорни записи во Избирачкиот список.

Материјалите за анкетирање на гласачите, како што информира вчера претседателот на ДИК Александар Чилаковски, веќе се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. Теренската проверка ќе ја вршат анкетари на ДИК за кои беше спроведена обука.

Тие ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, анкетарите ќе ги посетат уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат најдени, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски