Изгласан ребалансот на буџетот

Од:

Со 60 гласа „за“ и 38 против Собранието попладнево го усвои ребалансот на Буџетот за 2012 година.

Со него се предвидува намалување на расходите за стоки и услуги за околу 1,453 милиони денари, или 8,4 отсто, што опфаќа кратење кај сите расходи кои можат да бидат намалени, а да не го загрозат функционирањето на државната управа како што се расходите за патувања во земјата и странство, трошоци за телефони, договорни услуги, трошоци за репрезентација.

Ќе се намалуваат тековните трансфери од околу 1 отсто, односно 950 милиони денари кои се планира да обезбедат редовна и навремена исплата на пензиите, надоместоци на невработените лица, исплата на здравствени услуги од ФЗОМ на јавните здравствени установи, а обезбедени се и средства за редовна исплата на стипендиите за учениците и студентите, како и нормално функционирање на дејностите во културата.

Опозицијата обвини дека ребалансот е поставен на погрешни претпоставки за растот на економијата и оти по него ќе следи уште еден ребаланс. Според опозицијата се кратат средства од витални проекти, градежни активности, изградба на патиштата, како и од здравството и образованието.

За пратениците од власта, со ребалансот ќе има успешно справување со сите предизвици, без последици по платите, даноците, но со нови инвестиции и намалување на невработеноста и на задолженоста на државата.

Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ ја обвини власта дека со ребалансот на Буџетот се крати на се, освен на рекламите. Според него, наместо да се даваат пари за споменици треба да се инвестираат во енергетиката и во екологијата. – Со 35-те милиони евра кои се наменети за изградба на зграда на Уставниот суд, државата може да купи филтри за сите фабрики што го трујат Скопје, додаде Стојановски.

Пратеничката Косана Николиќ – Мазнева реплицирајќи му на Стојановски меѓу другото рече дека неговото излагање е класичен пример за продавање демагогија. Таа додаде дека кризата е присутна во повеќето земји кои не опкружуваат и нормално е да ја има и кај нас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година