Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Од:

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево информираа дека од страна на 16 пратеници од „Европски фронт“ поднесена е иницијатива за формирање на Анкетна комисија за истражување на селективен и едностран пристап на правосудниот систем во третманот на трагедијата во Кочани.

Оттаму појаснуваат дека предлог за основање на Анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници.

– Собранието на Република Северна Македонија не може да започне процедура бидејќи според член 76 став 3 од Уставот е утврдено дека предлог за основање на анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници, посочуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции