Собрание: Привременото одложување на активностите беше гест на почит кон трагедијата во Кочани

Од:

Собранието се огласи по обвинувањата за одложувањето на неговата работа минатата и оваа недела. Оттаму велат дека одлуката била донесена како резултат на согласност на сите присутни групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година.

„Во врска со неточните информации и широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, појаснуваме дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година.

Привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија млади луѓе и израз на солидарност со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа катастрофа.

Повторуваме дека оваа одлука не е резултат на какво било индивидуално или еднострано политичко одлучување, туку е одраз на заедничката институционална волја на сите пратенички групи да дејствуваат со чувствителност во момент на национална жалост“ се наведува во реакцијата.

Како што е најавено, Собранието ќе продолжи со работа следната недела.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање