Белгиските власти од безбедносни причини го откажаа „Маршот против стравот“

Од:

Белгиските власти го откажаа „Маршот против стравот“, кој беше планиран за утре во врска со нападите во вторникот, во кои загинаа 31 лице, поради стравувања за безбедноста, соопштија организаторите.

– Безбедноста на граѓаните е апсолутен приоритет. Целосно ги поддржуваме властите во предлогот за одложување на маршот за друг датум и ги повикуваме граѓаните утре да не доаѓаат во Брисел, се наведува во соопштението на организаторите.

Претходно белгиските власти ги повикаа граѓаните да не излегуваат на протестениот марш од безбедносни причини.

Тие сметаат дека митингот би требало да се одложи за неколку недели.

– Ги повикуваме граѓаните утре да ја откажат таа манифестација, изјави белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски