Само четири дена по повеќекратните напади во Брисел, во квартот Укл денеска е пронајден сомнителен ранец на улица, поради што тој дел од квартот е затворен за сообраќај, додека службата за деминирање ја испитува сомнителната торба, јавуваат белгиски медиуми.
Поради претпазливост, станарите на околните згради се евакуирани.
Сомнителната торба пред една парфимерија ја забележало лице кое излегувало од блискиот кафе бар и тоа го пријавил во полиција.