Браќата Ел Бакрауи биле на терористичката листа на САД

Од:

Браќата Калид и Ибрахим Ел Бакрауи, одговорни за двата самоубиствени бомбашки напади пред три дена во Брисел во кои животите ги загубија 31 лице, како што јавува американската телевизија Ен-Би-Си Њуз, и биле познати на САД како осомничени терористи.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, браќата бомбаши-самоубијци, од кои едниот веќе и бил испорачан на Белгија пред неколку години од страна на Турција како потенцијален терорист и странски борец во ИД, се наоѓале и на терористичката листа на САД, но сепак, белгиските власти не ги уапсиле, а во случајот по депортацијата на едниот од Турција – веднаш го ослободиле.

Министрите за правда и за внатрешни работи на Белгија, Кун Хенс и Јан Јамбон, кои вчера му ги понудија своите оставки на белгискиот премиер Шарл Мишел, кој веднаш ги одби, денеска се очекува да одговараат на прашања во белгискиот Парламент за тоа како браќата Ел Бакрауи цело време биле на слобода за да можат да планираат и изведат терористички напади, иако биле познати како потенцијални терористи.

Во исто време, американските медиуми јавуваат и дека третиот, засега непознат изведувач на бомбашкиот напад на аеродромот „Завентем“, каде загинаа 14 лица, а стотина повредени, наводно им е познат на американските безбедносни органи и се наоѓа на терористичката листа на САД, заедно со браќата Ел Бакрауи.

Имено, третиот бомбаш на аеродромот, заедно со Ибрахим Ел Бакрауи и Наџим Лашмауи, чиј идентитет се уште е непознат за белгиската истрага и по него интензивно се трага, бил обработуван од антитерористичкиот оддел на САД и се очекува денеска веќе да биде откриен неговиот идентитет.

Единствено што во овој случај ќе остане непознато е идентитетот на петиот терорист, кој заедно со Калид Ел Бакрауи го изведе нападот на метро станицата Малбек во европскиот кварт на Брисел, каде загина 17 лица, а над 130 беа ранети.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски