Хуманитарна претстава во Крива Паланка

Од:

Младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка во рамки на циклусот Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности, во соработка со средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, синоќа организираа хуманитарна театарска претстава.

Претставата „Сомнително лице – на наш начин“ беше изведена во Центарот за култура во Крива Паланка, а средствата собрани од настанот се наменети за лица од ранливите категории .

– Со поддршка на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ организиравме настан со цел да собереме средства со кои ќе им помогнеме на две таргет групи – средношколци од ранливи категории и социјално-загрозени лица. Претставата се изведуваше во два термина, пладневен наменет за ученици од основните училишта и вечерен за граѓанството. Беа собрани околу 20.000 денари кои ќе ги намениме за помош на седум ученици од четврта година да ја платат матурската вечер и за едно социјално загрозено лице кое живее во тешки услови во село Милутинци, изјави Давор Петровски од ЦКА-ПХВ тимот на Кривопаланечкиот Црвен крст.

Претставата ја изведоа дваесетина ученици од гимназијата под менторство на професорките по македонски јазик и литература, Елена Јакимовска, Зорица Давитковска и Даниела Стојмировска. Беше подготвена за минатогодишниот патрон празник на училиштето, а оттогаш е изведена повеќе пати во и надвор од границите на државата.

ЦКА-ПХВ тимот од Црвен крст Крива Паланка во соработка со локалните фолклорни групи КУД „Осми Октомври“, КУЗ „Карпош“ и КУЗ „Фолклористи“ вечер организира уште еден хуманитарен настан на кој се очекува кривопаланчани повторно да ја покажат својата хуманост.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он