Белгискиот премиер вети дека ќе ги најде одговорните за бриселските атентати

Од:

 Белгискиот премиер Шарл Мишел вети дека ќе  направи се за да утврди кој е одговорен за крвавите напади врз аеродромот и метрото во Брисел, пренесоа американските медиуми.
Во својот говор на национална церемонија во спомен на жртвите Шарл Мишел изјави дека нападите врз престолнината на ЕУ биле насочени против „слободата на секојдневниот живот“ и против „слободата врз која е изграден европскиот проект“.

-Нашата земја и нашиот народ беа удрени директно во срцето, изјави белгискиот премиер пред зградата на Парламентот. Тој зборуваше за „децата кои ги загубија својот татко, кои ја загубија својата мајка“ во нападите, во кои загинаа најмалку 31 лице.

Одговорноста за нападите ја прзеде  Исламска држава.

„Викањата од страв и болка, писоците на сирените, апокалиптичните слики ќе останат во споменот на луѓето, додаде Шарл Мишел, исто како и во последните напади во Париз, Мали, Тунис и Турција.

Претходно премиерот ги одби понудените оставки на министрите за правда и за внатрешни работи, Коен Генс и Јан Јамбон, потсети ДПА. Тој изјави дека неговата Влада е подготвена да го разјасни случајот и да работи со Парламентот.

Водечките белгиски политичари денеска побараа парламентарна истрага за атентатите во Брисел, откако стана јасно дека турските власти пријавиле за еден од терористите.
„Улогата на Парламентот не е само да донесува закони, туку и да контролира. Треба да целосно ја да исполниме оваа своја улога во случајот со тероризмот, ако формираме комитет за истрага“, напишаа на Твитер лидерите на трите фламански партии во владеачката коалиција – Христијандемократи и фламанци (ХФ), Отворени фламански либерали и демократи (ОФЛД) и Нова фламанска алијанса (НФА).

Претходно опозицијата побара да се разјасни зошто осомничениот за атентатите во Брисел Ибрахим Бакрауи не бил лишен од слобода по неговото депортирање од Турција во текот на минатата година.

Белгискиот министер за правда Коен Генс изјави дека Бакрауи не бил ратен во Белгија, туку бил испратен во Холандија. Освен тоа, тој бил познат само како престапник, но немало податоци за неговит врски со терористички организации. Според агенцијата „Белга“,  Бакрауи бил осуден на 10 години затвор, од кои одлежал речиси половина, за напад врз менувачница и за пукање врз полицајци со „Калашњиков“.

Холандското Министерство за правда соопшти дека ја проверува информацијата дека Бакрауи бил вратен во Холандија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски