А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце

by А1он24/03/2016 - 15:43265
Share0

Хуманитарна помош во прехранбени продукти и вода од Република Бугарија денеска пристигна за мигрантите сместени во транзитниот центар кај Табановце.

Следете a1on на Instagram Instagram

За донацијата, која е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а е обезбедена во соработка со бугарскиот Црвен крст и бугарски компании, се заблагодари министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.

Таа денеска оствари средба со Анжелина Тотева началник на политичкиот кабинет на премиерот Борисов, во присуство на Иван Петков, амбасадор на Бугарија во Македонија, при што ја прими донацијата.

Ташевска-Ременски потенцираше дека секоја помош е добредојдена и дека примерот на Република Бугарија треба да го следат и другите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според Тотева, нивната Влада внимателно ја следи состојбата со мигрантите во Македонија и во случај на неопходност Софија ќе продолжи да помага според можностите.

За амбасадорот Петков испраќањето на оваа хуманитарна помош е израз на солидарноста на премиерот Борисов и на бугарската држава кон немоќните луѓе.

Министерството за труд и социјална политика добиената донација ќе ја предаде на Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе ја менаџира дистрибуцијата на терен.

migrantitrud

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео