Деминерите не пронајдоа експлозивна напарава на железничката станица во белгискиот град Монс, која претходно денеска беше евакуирана поради бомбашка закана, јави телевизијата Ер-Те-Ел.
– Евакуацијата заврши. Не беше пронајдена експлозивна направа. Движењето на возовите се обновува, нагласи телевизијата.
Претходно весникот „Соар“ објави дека железничката станица во Монс е евакуирана поради бомбашка закана.