Белгијците со минута молк им оддадоа почит на жртвите од вчерашните напади во Брисел

Од:

Белгијците денеска со минута молк им оддадоа почит на жртвите од вчерашните атентати во Брисел, пренесоа француските медиуми.

Неколку илјади лица, кои дојдоа на Плоштадот на берзата, во центарот на белгиската престолнина, со извици „Да живее Белгија“ и ракоплескања  повремено ја нарушуваа тишината.

– Ги споделуваме емоциите на нашите сонародници, изјави градоначалникот на Брисел, Иван Мајор.

„Нормално е што сме тука, ова е израз на сочуството и многу повеќе. Сметам дека неопходно е да ја почуствуваме врска со сите оние кои денеска страдаат“, додаде тој.

Белгиската кралска двојка, прeмiерот Шарл Мишел, придружен од францускиот колега Мануел Валс и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто така, со минута молчење им одадоа почит на жртвите во седиштето на ЕК.

Подоцна Јункер, Мишел, Валс и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини положија цвеќе на станицата на метрото „Малбек“.

На жртвите на атентатите почит со минута молк им беше одадена и во Шпанија – во Парламентот и пред мноштво градски куќи и институции.

Атмосферата во Брисел останува тензична. Првото нешто што човек го забележува е нагласеното присуство на војската, недостигот од обични минувачи и постојаното свирење на полициските сирени, забележува ТАСС.

На станицата на метрото „Малбек“, која се наоѓа на неколку метри од зградите на европските институции, жители и туристи и натаму оставаат цвеќе и свеќи.

На Плоштадот на берзата е направен импровизиран споменик на кој постојано пристигнуваат луѓе со цвеќе и запалени свеќи.

Просторот пред берзата, исто така, е украсен со многу знамиња на различни држави, заедно со положеното цвеќе и писмени пораки. Може да се видат знамиња од цел свет, од западна Африка, преку Блискиот исток, до Индонезија и Латинска Америка, забележува дописникот на ТАСС.

Околу зградите на ЕУ се разместени тешки воени камиони, полициски автомобили и вооружена полиција. Мерките за безбедност на влезовите на овие згради, исто така, се засилени. Ја нема вообичаената живост, затворени се кафеаните и рестораните, кои вообичаено ги опслужуваат службениците и новинарите кои известуваат од тука.

Јавниот транспорт делумно ја обнови работата. Од утрина непречено работат главните железнички станици. Отворени се 16 од вкупно 69 станици на метрото. Меѓутоа, забележливо засилени се патролите. На улицата пред централната станица можат да се видат редици од патници, кои чекаат да влезат во неа. Секој патник детално се проверува На влезовите, како и во станиците на метрото има вооружена воена заштита, која ја набљудува ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски